Почетна / За нас / Совети
Испечати странаНамали текстЗголеми текст

Совети


Вселувањето во нов дом, куќа или стан, или пак реновирање на постојниот, подразбира прилагодување на плановите со можните финансиски средства. Доколку добро испланирате што би сакале да смените и како сето тоа да добие конечен изглед, консултирајте се со стручно лице, архитект. Тој секако ќе ви помогне како да дојдете до поубав дом. Но, пред да се обратите на архитектот, би требало добро да размислите за стилот на уредување на вашиот дом, бидејќи тој поим кај секого создава поинаква слика, каде мебелот и разните детали на вашиот стил ќе му дадат особен белег.

Размислете за распоредот на просториите, намената на просториите за одредени активности, дали може да се подобри пристапот помеѓу нив, на пример кујната и трпезаријата, дали имате доволно плакари, и т.н.

Направете план за целата селидба или реконструкција. Ставете ја во временска рамка.

Секогаш додадете уште половина од времето кое почетно сте го предвиделе, зашто дури и мала интервенција, верувајте, ќе трае подолго од што сте испланирале.

Многу реновирања започнуваат со рушење. Највалканиот дел во целиот процес на промена.

Следен чекор е промената на инсталацијата: водоводна и електрична.

Електро инсталацијата треба да се замени во согласност со новите планови за поставување на светлечки тела, телефонски приклучоци, ТВ приклучоци и т.н.

Треба да се внимава при изборот на светилки и приклучоци, бидејќи одреден тип од нив, имаат кутии кои што треба да се вградат во плафон или ѕид.

Следно е замена на прозорци и балконски врати кои треба да бидат во согласност со фасадата на објектот. Но, за разлика од нив, собните врати треба да бидат дел од ентериерот (мебелот, подот).

Во просторите каде се реновира често се сретнуваат радијатори како извор на топлина. Овде работите се сведуваат на помали интервенции од типот: замена на вентил, пригушница, па дури некаде и цел радијатор.

Подот е исто така битен елемент кој ќе биде носител на целиот ентериер (паркет, плочки, ламинат) кое ќе го решите заедно со архитектот во зависност од финансиите, функцијата и крајниот ефект што сакате да се постигне.

Како појдовна основа, на сево горе споменато реновирање/реконструирање, мора да ви биде мебелот. Без него, ниту ќе знаете каде треба да ги направите доводите за струја, ниту каде да се сместат радијаторите, ниту пак ќе можете понатаму да го одберете мебелот каков што го сакате, па ќе мора да се прилагодувате. 

За повеќе стручни совети, погледнете ги нашите совети каде Ви препорачуваме...

 
Распродажба
Стол Plus
Стол Plus
7.000,00 ден.
4.000,00 ден.
Промоција
ПОПУСТ НА СОФИТЕ НА DOIMO SALOTTI!
Newsletter
Бидете постојано информирани за сите новитети, настани, промоции и производи од Домиталиа.