Почетна / За нас / Ви препорачуваме...
Испечати странаНамали текстЗголеми текст

Ви препорачуваме...


Значи, што и да почнете, почнете со мебелот. Доколку ги знаете боите на мебелот полесно ќе ви биде да го оберете паркетот, плочките, вратите, боја на ѕидовите. Испланирајте го тоа. И не само тоа, туку и нарачајте го. Во овој случај рокот на испорака од 30 односно 45 дена ќе ви изгледа многу кус.

За многу меѓу нас, кујната е најмногу користена просторија во домот. Таа ни служи, не само како место за подготвување на храна, туку и како место за собирање на семејството. Опремувањето на кујната е обично најголемото вложување после купувањето на станот. Новите пак, тенденции одат во спротивна насока односно, се повеќе луѓе, се помалку ја користат. Значи, доколку сакате да готвите, тогаш инвестирајте во кујна, во спротивно потрошете ги парите за работите кои ви се позначајни. Во секој случај, внимавајте на распоредот на елементи и опрема, што е многу важно дури и при варење на кафе на пример. Најдобро, советувајте се со архитектот.

Трпезријата е место каде целото семејство се собира барем еднаш во текот на денот. Постојат кујнски и трпезариски маси. Кујнските маси се со димензија 70/110, 80/120, 85/130, 80/80 и најмалите 60/80 и скоро секогаш имаат можност за проширување. Трпезариските маси пак, се со димензија 90/90, 120/90, 140/90, 140/140, 160/90, 180/90 па се до 230/95 со можност за поголемо продолжување, што ќе рече поголем број корисници.

Дневната соба е место каде го поминувате поголемиот дел од денот, во отпуштена атмосфера пред ТВ, или место за игра на деца, или пак соба каде примате гости. Како би создале простор кој може да се прилагоди на различни задачи и како би биле сигурни дека одредени активности нема взаемно да се судруваат, морате многу внимателно да планирате. Размислете кој ќе го користи просторот и како ќе го поминува времето таму. Земете предвид и како ќе се движите во собата како влезната врата, прозорците и мебелот ви се лесно достапни. Мебелот за повремена употреба поставете го онаму каде што може максимално да се искористи, но избегнувајте ги премините кои заради пристапот мораат да останат слободни. Каков и да е обликот на дневната соба, треба лесно да се прилагоди на вашите потреби и активности во слободно време. При бирање на мебелот најважно е да се знае за колку луѓе ќе се корисити, како и колку често. Стилот на мебелот зависи од вашиот вкус и се додека тој го задоволува вашето секојдневно користење можете да направите соба која долго време ќе биде убава. Доколку просторот е мал, не трупајте го, односно користете клуб масичка од транспарентно стакло, трпезариска маса исто така во комбинација со транспарентни столици, или пак столици со низок наслон. Секако, не штедете на квалитетна гарнитура за седење, која што ќе потроши добар дел од вашиот буџет, но инвестирајте во својата комоција долгорочно како не би се сретнале со истиот проблем за неколку години.

Спалната соба е првата просторија што ја гледате наутро и последната што ја гледате навечер, затоа нејзиниот изглед треба во секое време да ви предизвикува смиреност. Пред да донесете одлука за распоредот на мебелот, проучете ги своите потреби и размислете за работи кои можеби би сакале да ги имате, како на пример, катче за пишување, тоалетна маса или можеби вграден плакар. Уредувањето на спалната соба кај нас е најкомплицираниот дел од станот/куќата. Редовно таа со своите димензии е далеку од минималниот стандард од 16м2. Доколку планирате душекот да ви биде 160/200см, планирајте креветот најмалку да одземе 170/220см од вашата просторија за одмор, односно доколку планирате душекот да ви биде 180/200см, тогаш креветот планирајте го 190/220см и незаборавајте ги пристапите до креветот од двете страни мин 40-50см, сепак станува збор за брачен кревет кој го користат двајца, а доколку ви се потребни и наткасни, тогаш додајте уште 60 см, по страна.

Во секој случај, доброто и навремено планирање значи помалку проблеми за вас и можност за полесно и побрзо остварување на вашите замисли и потреби.

 
Распродажба
Клубска маса Rem
Клубска маса Rem
23.948,00 ден.
13.000,00 ден.
Промоција
ПОПУСТ НА СОФИТЕ НА DOIMO SALOTTI!
Newsletter
Бидете постојано информирани за сите новитети, настани, промоции и производи од Домиталиа.